Марија Каева

Марија Каева е вокална солистка, музичарка и текстописец, како и радио водител со петнаесет годишно искуство. Низ долг период од 20 години Марија спорадично ја збогатува македонската поп архива со нумери на кои тешко им се заборава рефренот. Но, со последниот музички проект Фортуна - зад кој што стои потпишана заедно со Владан Дробицки, создаваат вистински саундтрак на пролетта! Песните на Фортуна освен што можат да ви го разубават денот со мекиот вокал, радосните звуци и паметно режирана електроника - тие истовремено еманципираат за заматената зелена оска околу која би требало да се врти светот. Овој албум го прогласуваме за мегафон на зелената агенда на ППЖ! По се изгледа Фортуна е полн погодок во соработката на Марија и Владан. Дробицки е тромбонист во оркестарот на Националната опера и балет и воедно многу добро познат на музичката џез сцена кој се занимава и со музичка продукција. На музичката сцена е познат по работата во групите „Сетстат“, „ПМГ Колектив“, а последниве години и со „Кантон 6“. Дробицки и Каева остваруваат континуирана соработка во различни музички правци и проекти. На концертот во МКЦ ќе ги придружува тапанарот Дино Милосављевиќ.

Top