Info

Year

2022

Date/Time

Wednesday 08/31 21:00

Location

МКЦ плато

Origin Countries

MK | МК |

Participants

Tea Shaldeva / Galatheia

Tea Shaldeva / Galatheia

Теа Шалдева / Galatheia добро позната скопска стотројкашка слободно може да кажеме дека е веќе „резидент артист“ на музичката програма...

Read More

Joana Risteska

Joana Risteska

Јоана Ристеска е соло-артистка и инструменталистка од Скопје. Изведува и компонира музика за акустична и електрична гитара и со аналогни...

Read More


Марија Каева

Марија Каева

Марија Каева е вокална солистка, музичарка и текстописец, како и радио водител со петнаесет годишно искуство. Низ долг период од...

Read More

Аr tists

Synopsis

Розовата бука никогаш не била поавтентична!

И оваа година ПРВО ПА ЖЕНСКО по десетти пат потсетува на родовиот јаз на музичката сцена! 

Фактот дека на глобално ниво жените во музичката индустрија (21.6% артистки, 12.6% текстописци и 2.6% продуцентки) и на музичките фестивали (27% артистки) сè уште се малцинство, а 2022 година е доказ дека и бината е простор кој допрва треба да се освојува. Кај нас ситуацијата не е многу подобра - напротив, со оглед на тоа дека музичката индустија е скоро непостоечка, музички фестивали има малку, а за родовиот јаз сè уште се шепка. 

И сега, се јавува непокорливата желба да се исправи неправдата… А има ли подобар начин за да се направи тоа од фестивал во кој музичката програма ќе е составена само од екстремно талентирани артистки? Затоа, фокусот на ова јубилејно издание е на жени кантавторки кои и годинава на фестивалската сцена на ППЖ не се тука само за да пркосат на топ 10те хитови на музичките хит листи. Ниту се тука да пополнуваат квоти на очајната родово небалансирана сцена, а најмалку се тука за да ви се допаднат вам. Тие доаѓаат со изградени став и мисла, со причина повеќе за определбата да создаваат музика во оваа демотивирачка густа магла. Оваа година на ПРВО ПА ЖЕНСКО ја имаме честа да ги слушаме меланхоличните мелодии на емотивниот и политички разум кои ранливо се принесуваат до нашата свест, кои нѐ разнежнуваат и нѐ прават посилни. 

Розовата бука никогаш не била поавтентична! Ве очекуваме во МКЦ на среќна среда, да го испратиме последниот августовски ден пред досадните школски клупи.

Top