Проекција и дискусија за документарниот филм на Самахер Алкади

на Самахер Алкади
Btja4T6m8fk4Jqp9FpvF
   Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија Ве покануваат на проекција на документарецот на режисерката Самахер Алкади на 15-ти декември во 19:00 во Europe House Skopje.
 
 
    е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каиро, на плоштадот Тахрир на 25 јануари 2013 година, на денот на втората годишнина од револуцијата.
Како одговор на овие сексуални напади, огромна толпа гневни жени излегоа на улиците, а Алкади им се придружува, земајќи ја нејзината камера со себе како заштита, но и за документирање на протестите на растечкиот женски бунт. Сето ова е испреплетено со нејзината лична приказна, нејзиното забременување и односот со нејзината почината мајка.
е клучен, тежок политички документ, есеистички филм и патување навнатре во кое индивидуалната еманципација е поврзана со колективниот процес на ослободување во арапскиот свет.
 
 
   По проекцијата на филмот ќе следи разговор со учесничките Албулена Карага и Мерсиха Смаиловиќ модериран од страна на Ана Василева. Разговорот ќе е отворен за учество на сите присутни.
  Албулена Карага е феминистка и мировна активистка. Работи на полето на изградба на мир, мировно образование, соочување со минатото и родова правда. Верува силно во моќта на образованието за општествена промена. Има завршено додипломски студии за Политички студии и меѓународни односи и постдипломски студии за Мир и трансформација на конфликти.
  Мерсиха Смаиловиќ е активистка за човекови права и претседателка на НВО ЛЕГИС Скопје. Мерсиха е активна на полето на застапување за правата на бегалците и мигрантите, дискриминацијата, исламофобијата, родовата еднаквост и борбата против говорот на омраза. Таа е активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.
  Ана Василева, феминистка и активистка за женски права, работи како преведувачка и толкувачка, коавторка на иницијативата за женска усна историја ПичПрич. Активно се залага за подигнување на јавната свест во врска со родовите прашања и промовирање политики на солидарност и колективна одговорност.
 
 
tiiiitinc_logo_outline
MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4