Каде за 8ми март?

Драги другарки и другари, бидејќи Тиииитовки за овој 8ми март ќе ловат филмови на Берлинскиот филмски феминистички фестивал, со цел да донесат селекција за скопската публика, се одлучивме да ви помогнеме да се одлучите полесно каде за 8ми март.
Скопје ќе биде богато со настани, па според вашето расположение повелете неколку идеи.

 

Ако сакате да си повторите за феминизмот, или едноставно ви се танцува на супер музика, Тиииитовки организираат предосмомартовска прослава за чија музичка селекција ќе се погрижат Медуза.

Ако сте за fem-film & chill повелете на проекција на филмот Battle of the Sexes. Селекцијата е на TAKT - Together Advancing Common Trust а проекцијата ќе биде во МКЦ.

Доколку сте жедни за сочни женски приказни задолжително присуство на ПичПрич на тема Влакна во Кино Милениум!

Ако се чувствувате вешто или едноставно сакате да се почастите, USAID North Macedonia and Alliance of Microfinance organizations организираат Базар на рачни ракотворби во ГТЦ.

Не сте сигурни дали ви се гледа филм, изложба или ви се слуша дискусија? Не пропуштајте го јубилејното десето издание на Вечери на Женски права, како и целодневната програма на Гласен Текстилец – Денот на женската борба.

Ако сакате да ги поддржите жените уметнички за своите изразувачки права, во контекст на општественото културолошко функционирање, но и во контекст на индивидуални права, проектот ЖЕНА БОРЕЦ ви нуди простор каде ќе можете да видите уникатни авторски дела.

Последно, топло во препорачуваме да ги поддржите нашите другарки во маршот за женски права - за еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување!
Дали е среќен 8ми март?

Другарките од Медуза организираат и заедничко креирање на транспаренти за маршот.
Не пропуштајте!