Дел од атмосферата на „Цепки“

На 13.05 во Филхармонија се одржа ПичПрич гала настанот „Цепки“. Темата на настанот беше во склоп на овогодинешните тематски фокус на ПРВО ПА ЖЕНСКО - субверзивната моќ на хуморот.

Имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно од обратната перспектива на хетеронормативната култура, во областа на хуморот.

Своите приказни ги раскажаа петмина раскажувач(к)и коипто со свои приказни веќе ја имаат освоено публиката на „ПичПрич“: уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радиоводителката Маја Казакова и режисерката Софија Ристевска. Како специјална гостинка настапи и хрватската писателка и активистка Мима Симиќ. Настанот го модерираа Румена Бужаровска и Катерина Попова.

По настанот се упативме на афтер во бифето на Филхармонија, каде се забавувавме на диџеј сетот на Илина Ангеловска.

Во прилог погледнете дел од фотографиите од настанот:


фото: Ванчо Џамбаски

 

фото: Ванчо Џамбаски

 

фото: Ванчп Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Јелена Белиќ

фото: Јелена Белиќ

фото: Јелена Белиќ

фото: Јелена Белиќ

🟣 Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna.

 

💡 Концепт и авторство: Ана Василева и Румена Бужаровска

⚙️ Продукција: Тиииит! Инк. - Скопје

✍️ Дизајн на постер КОМА дизајн студио