БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ (за ревизорски услуги)

Почитувани,

ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

    1. Општи услови

Набавувач на услуги: ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Козле 49б во Скопје.

Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за ревизорски услуги

ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје  го спроведува проектот „Крај за менструална сиромаштија“ со финансиска поддршка на Цивика Мобилитас, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

Цели на проектот

Унапредување на пристапот до средства за менструална хигиена на жените и девојките во РСМ и адресирање на менструалната сиромаштија преку подигање на јавната свест и промени во политиките кои ќе доведат до социјално – инклузивно управување и унапредување на родовата еднаквост.

Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

  1. Понуда

Понуда за независно и стручно мислење во вид на ревизорски извештај на акцискиот грант  „Крај за менструална сиромаштија“ со вкупно расходи од 2.028.099 мкд

Понудата треба да ги содржи сите елементи по Меѓународни стандарди за ревизија (МСР)

Со понудата треба да се достави документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија за дејноста за која ја доставува својата понуда

Со понудата треба да се достави список на извршени услуги за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години

*Напомена: Имплементацијата на акцискиот грант, а со тоа и реализацијата на трошоците завршуваат на 31.12.2021. Ревизорскиот извештај треба да биде доставен до нарачателот најдоцна до 27.01.2021 година.

 

  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

  1. Облик и содржина на понудата

Понудата се изработува во писмен облик со понудена бруто цена во денари

Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

Карактеристики на понудата

Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса tiiiit.inc@gmail.com најдоцна до 15.12.2021 година до 16 часот.

 

Финансискa и административна менаџерка,
Славица Ќурчинска