First Born Girl #3

play me

ПРВО ПА ЖЕНСКО е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, преку отворено поставување на широкото прашање за положбата на жените во нашето современо општество.

Тиииит! Инк. ја покренува оваа иницијатива чија што цел е отворање на еден неекслузивен простор, во кој низ конструктивна дискусија и креативна размена, ќе се препознаат околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се опираат на традиционалните стереотипи, но и на оние кои денес кај нас насилно се наметнуваат како единствени морални и општествено-политички подобни и со нив доминантниот политички дискурс популистички манипулира.

Програмата е конципирана како отворено поле за претставување и креативна размена на активните жени денес-оние кои од најразлични позиции теоретски се занимаваат со прашањата на родот, но и оние кои јавно се застапуваат и се обидуваат да влијаат на подобрувањето на политиките кои се однесуваат на жената, како и жени кои автентично се промислуваат себеси и својата улога во општеството, изразувајќи се во сферата на различните уметности. Сите тие, индивидуални актери или организирани во формални или неформални групи, дејствувајќи поттикнати од исти побуди и во иста насока, ја сочинуваат сферата која иако е постојано присутна и жилаво егзистира сѐ уште не е препознаена ниту пак самата препознава дека може да го осигура своето постоење и унапредување профилирајки се како организиран ентитет низ размена на искуства, соработка и формално вмрежување. Таа сфера/заедница слободно може да се детектира и нотира како активна женска сфера во Скопје и воопшто во Македонија. Затоа овој настан има за цел да го поттикне нејзиното препознавање, континуирано следење и вреднување, но и да ги поттикне нејзините актери на поактивна и проактивна соработка и вмрежување.

VOLUNTEER

  • Моника Јамандиловска
  • Ивона Наскова
  • Ева Ристиќ
MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4