First Born Girl #1

Прво па Женско е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, преку отворено поставување на широкото прашање за положбата на жените во нашето современо општество.

Иницијативата ја покренаа Tiiiit! Inc. со цел отворање на еден неексклузивен простор, во кој низ конструктивна дискусија и креативна размена, ќе се препознаат околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротиставуваат на традиционалните стереотипи, но и на оние кои денес кај нас насилно се наметнуваат како единствени морални и општествено-политички подобни и со нив доминантниот политички дискурс популистички манипулира.

Не ограничувајќи го контекстот на едно подрачје/теорија (феминизам, еднакви права...), беше конципран настан со целодневна програма составена од активности кои нудат можност за остварување на заеднички (не исклучиво женски или исклучиво машки) поглед и подлабоко разбирање на состојбите. Основната цел на настанот беше отворање простор за унапредување на позитивниот став кон активноста на оние кои јавно го поставуваат женското прашање и дејствуваат во насока на подобрување на политиките кои во фокусот ја имаат жената.

Настанот имаше за цел да поттикне препознавање, континуирано следење и вреднување на активна женска сфера во Скопје и воопшто во Македонија, но и да ги поттикне нејзините актери на поактивна и проактивна соработка и вмрежување. Тој беше и можност да се преиспита доживувањето на феминизмот кај нас денес, зошто е тој несоодветно препознаен, како и разликата помеѓу феминистките и оние жени кои тоа не се, иако обете групи во секојдневието се исправени пред истите предизвици.

Friday 08 03

12:00 lecture
cinema Frosina foyer, 1th flr
12:00 workshop
YCC Galery
12:00 workshop
YCC foyer
12:00 bazaar
YCC foyer
13:00 exhibition
YCC Gallery
14:00 movie program
Cinema Frosina
16:00 workshop
YCC foyer, 1th floor
18:00 culinary exhibition
cinema Frosina foyer
19:30 performance
Cinema Frosina
20:00 performance
Dancing hall
21:00 concert
Dancing hall

Saturday 09 03

01:00 DJ set
cinema Frosina foyer

Volonteers

  • Monika Jamandilovska
  • Симона Јовчева
  • Аида Реџепагич
Top