Водени од позитивните искуства, Тиииит! Инк. продолжи да го надоместува недостатокот од формално образование од областа на современите изведувачки практики и во рамки на четвртиот циклус на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ го организираат второто издание на Школата за феминистичко драматуршко размислување.
Програмата во формат на летна школа ќесе реализираше од 6 до 12 јули во комплексот на манастирот Св. Јоаким Осоговски, сместен на околу 3 километри североисточно од Крива Паланка, во прегратките на живописната столетна дабова шума, на прекрасните падини на Осоговските Планини.