Неда Чаловска-Димовска е магистерка по меѓународно право и човекови права и работи фокусирано на прашања поврзани со родовата (не)еднаквост, од интерсекциски аспект. Има повеќе од 13 години искуство на национално и регионално ниво на теми поврзани со антидискриминација, родова еднаквост, родово базирано насилство, права и пристап до правда на маргинализираните и ранливи групи на жени во општеството.