Што всушност значи забраната за абортус после шестата недела

Од 1 септември Тексас речиси сите абортуси ги прогласи за нелегални.

 Законот потпишан од гувернерот Грег Абот на почетокот од оваа година забранува абортуси откако ќе се детектира чукање на срцето кај фетусот. Оваа временска рамка е веќе шест недели од почетокот на бременоста, период во кој жените најчесто не се свесни дека се бремени, што е токму причината зошто многумина сметаат дека ова е речиси целосна забрана за абортус.

 На почетокот на оваа недела, медицинските лица кои извршуваат абортус побараа од Врховниот суд да го спречи доаѓањето на сила на овој закон, додека во меѓувреме правните случаи за абортус продолжуваат. Но, судиите не преземаа ништо и со тоа ја дозволија шестнеделната забрана. Важно е да се напомене дека овој закон не содржи исклучоци за случаи на силување или инцест.

 Законите од типот на законот за срцебиење (heartbeat bill) не се воопшто нови . Најмалку осум поминаа во последниве години, а голем број држави воведоа слични забрани уште во 2019 година. Но, сè до овој закон во Тексас, ниту еден ваков за срцебење нема стапено на сила. Ваквите закони се соочуваат со судски предизвици затоа што се директно спротиставени на преседанот поставен сп случајот „Ро против Вејд“ - историската одлука од 1973 година со која се воспостави правото на абортус во Америка.

 Но, како што објаснува Јан Милхисер од Вокс, законот на Тексас е намерно напишан за да ги спречи судовите да го блокираат пред воопшто да стапи на сила. Наместо државните службеници да ја спроведат забраната за абортус, законот во суштина им дава овластување на самите граѓани да го сторат тоа преку тужење на медицинските лица кои извршуваат абортус, пишува Тексас трибјун (Taxas tribune). Оваа необична одредба им отежнува на организациите кои се залагаат за права на абортус да ги тужат државните службеници да го блокираат законот, бидејќи според законот тие не се оние што имаат право да го спроведат.

 Без оглед на тоа, правните заложби против законот на Тексас и понатаму се во тек и сè уште постои шанса да се поништи. Но, засега, медицинските лица кои извршуваат абортус во Тексас велат дека ќе го почитуваат законот, и повеќето Тексашани најверојатно ќе треба да патуваат надвор од државата за абортус, барем оние кои можат да си го дозволат тоа.

 Ова што се случува во Тексас може да го отежне пристапот за абортус во поголемиот дел од САД. Ако шестнеделната забрана помине на суд, пратениците против абортусот на друго место најверојатно ќе изгласаат свои верзии и со тоа ќе можат да го забранат абортусот после шест недели, па дури и порано.

 

 Законите за „срцебиење“ го забрануваат абортусот многу рано во бременоста

 

Законите за „срцебиење“ низ целата земја се засноваат на правна лигислативе напишаа од Faith2Action, која е „најголемата национална мрежа на про-семејни групи“.

 „Иако не е почеток на животот, чукањето на срцето е универзално признат показател за живот“, се вели во делот на најчесто поставувани прашања на нивната веб -страница.

 Оваа легислатива вели дека ако пациентот сака да изврши абортус, лекарот прво мора да утврди дали кај фетусот се има појавено отчукување на срцето. Ако е тоа така, на лекарот му е забрането да изврши абортус, освен ако не е неопходно со тоа да се спаси животот на мајката или „да се спречи сериозен ризик од суштинско и неповратно нарушување на главната телесна функција“.

 Генерално овие закони не наведуваат одреден гестациски период од бременоста како временска рамка кога смее или не смее да се изврши абортус, но групите за репродуктивни права предупредуваат дека и покрај ова, ваквите закони предвидуваат забрана за абортус на околу шест недели од бременоста.

Некои групи за репродуктивни права тврдат дека терминот „срцебиење“ во овој контекст е погрешно употребен, бидејќи фетусот сè уште нема срце на шест недели од бременоста и според тоа, срцевата активност што може да се открие во тоа време доаѓа од ткивото наречено фетален пол.

 Според законот во Тексас, пациентките треба добро да го знаат својот менструален циклус и веднаш да препознаат дека се бремени за да имаат право да абортираат. Исто така ќе треба да бидат во состојба да патуваат во клиника и да ги соберат парите за процедурата во дозволената временска рамка. Временските период од шест недели е дополнително проблематичен затоа што тоа е токму периодот кога повеќето бремени жени не добиваат циклус, што значи дека во оваа фаза многу луѓе не ни знаат дека се бремени. Законот содржи исклучок за медицински итни случаи, но не и за бременост што произлегува од силување или инцест.

Законот, исто така, вклучува одредба што не е забележана во претходните вакви закони, со која дозволува секој граѓанин да може да го тужи медицинското лице кое извршува абортуси или секој што „помага и поддржува“ кршење на забраната.

Според законот нс лицето кое тужи не му е наложено да има каква било врска со туженото медицинското лице кое извршува абортуси. Заради ова многу засегнати страни стравуваат дека клиниките - па дури и пациентите - можат да го злоупотребат постоењето на ваквите услуги.

Законот особено ги загрижува организациите за право на абортус во Тексас, кои предупредуваат дека сега сите оние кои имаат потреба од абортус треба да патуваат надвор од државата за таа постапка. Ова е победа за една стратегија која со години се провлекува во движењето против абортусот и токму сега го бележи најзначајниот исчекор.


Извор: Vox
Целиот текст прочитајте го овде