Врховниот суд одлучи да го декриминализира абортусот во Мексико. Со оваа историска одлука се поставува преседан откако судот го прогласи...
Зборови на Elena Petrova
Објавено на 10ти септември, 2021
Врховниот суд одлучи да го декриминализира абортусот во Мексико. Со оваа историска одлука се поставува преседан откако судот го прогласи за неуставен законот за криминализација на абортусот во државата Коавила.
Активистите сметаат дека доколку се спроведе законот, ова би значело дека ќе се стави крај на случаите против жените кои се моментално во судска постапка заради тоа што абортирале. Гувернерот на Коавила изјавил дека законот ќе има ретроактивни ефекти и заради ова, секоја жена што е лишена од слобода заради поранешниот закон треба веднаш да биде ослободена.
Организацијата за право на абортус во Мексико, ГИРЕ, рече дека ќе се залага за легализирање на абортусот во Коавила минимум 12 недели по зачнувањето, што е всушност законски утврденото временското ограничување за абортусот во Мексико Сити.
Откако новиот закон за декриминализација на абортусот беше изгласан во Коавила, на улиците ширум Мексико биле забележани два протеста: едниот со река од активистки во зелено кои после години борба конечно ја дочекаа оваа пресвртница и групи на демонстрант(к)и кои портестираа против новиот закон, пред Врховниот суд. Ова не е неочекувано, со оглед на тоа дека Мексико е втора држава во светот со најголема Католичка заедница, која има вкоренети трандиционални и конзервативни погледи. Засега е извесно дека десно-ориентираните конзервативни организации и здруженија ќе продолжат да заговараат и да се спротиставуваат на одлуката на Врховниот суд.
Одлуката во вторникот се однесува само на државата Коавила, и за да законот се спроведе на национално ниво потребно е отпочнување на правни постапки во секоја од 28 -те држави во Мексико кои што сè уште го криминализираат абортусот, или евентуални законски промени од тамошните законодавни органи.
Декриминализацијата на абортусот во Коавила се случува баш кога пред неполн месец соседната држава Тексас ги забрани абортусите после шестата недела. Многумина предвидуваат дека ваквото ограничување на репродуктивните права на жените во САД може да резултира со тоа жените од Тексас да бараат пристап до абортус преку граница во блиска иднина.
Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство.
Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност