Монодрамата „По патеката на тркалото“ во изведба на Џемилиана Абдулова
Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ по повод денот на ромскиот јазик 5 ноември, организира настан за одбележување на овој важен датум за Ромите и Ромската култура.Сите активности на настанот ќе бидат на ромски јазик.

Со почеток од 17 часот, на настанот ќе биде премиерно прикажана корео монодрамата „По патеката на тркалото“ во изведба на младата уметница Џемилиана Абдулова. Посебен осврт ќе се даде на великаните на ромската лингвистика и книжевност кои со своите дела придонесоа за унапредување на ромскиот јазик и збогатување на книжевната ризница.

 

Џемилиана Абдулова има дипломирано новинарство при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Од 2016 година е претседател на здружението на граѓани Ромски културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ. Координаторка е на повеќе проекти меѓу кои и документарецот „Запознајте ја мојата сосетка Ромка“. Како јазична уредничка се јавува на неколку печатени изданија на познати ромски автори. Има учествувано на неколку аматерски театарски фестивали како главна актерка во театарски претстави.