
Со огромно задоволство ве известуваме дека феминистичката школа ФЕМ 101, се одвива по трет пат оваа година.
Ако сакаш да ги збогатиш твоите знаење и вештини во областа на феминизмот, те охрабруваме да се пријавиш и бидеш дел од школата ФЕМ 101.3, организирана од Медуза, а дел од содржините во соработка со Тииит!Инк.
Школата има за цел да ги подготви учесничките и учесниците за успешно читање на феминистички наративи, аргументирано пишување и застапување преку креативен израз. Составена е од 5 предавања и 5 работилници, распределени низ 2 месеци, почнувајќи од 24 април 2023 година. Предавањата и работилниците се во времетраење од максимум три часа, и се планирани по работно време и за време на викенди.
Школата ФЕМ 101 освен што ќе ве запознае со клучни концепти од областа на феминизмот и родовите студии и ќе ви помогне во себе-изразувањето, истовремено служи и како креативна и пријателска платформа за здружување, споделување и дружење. Веруваме дека негувањето на ваков вид на реалции се од исклучителна важност денес, со константниот пораст на реторика и политики кои ги загрозуваат нашите права и слободи, за кои мора здружено, аргументирано и подготвено да се бориме. Познавањето на феминистичката историја, стратегии на отпор и методи на креативен феминистички израз можат да нè зајакнат во борбата против родовата нееднаквост, да ни помогнат во критичкото преиспитување на односите на моќ, родовите релации и нашите сопствени позиции.
Обуките ќе ги водат реномирани теоретичарки, професорки, феминистки со обемно искуство и знаење во полињата во фокус на школата, а за времетрањето на школата, учесничките/ците ќе имаат можност за практична работа, како и вклучување во тимот на Медуза преку креација и објавување на содржини и по завршување на школата.
Сите обуки ќе се одвиваат во социо-културниот центар Комитет.
Пријавување
За да учествувате треба:
✨ да ве интересира феминизам и родова еднаквост
✨ да имате мотивација да пишувате текстови во дадената област, иако претходно искуство не е неопходно
✨ да бидете во можност да ги посетувате сите 10 обуки
Рокот за пријавување трае до 12 април 2023 година.
Пратете ја вашата кратка биографија и во неколку реченици кажете ни зошто сакате да учествувате на школата на info@meduza.mk со назнака „Апликација за Фем 101“.
Доколку имате дополнителни прашања, пишете на истиот мејл или на Фејсбук/Инстаграм страната на Медуза.
Ги очекуваме вашите апликации и едвај чекаме да се запознаеме ♥