
ПРВО ПА ЖЕНСКО платформа за изведувачки уметности
Определувајќи се за развивање продукција во полето на изведувачките уметности, во 2021 година Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО ја трансформираше својата изведувачка програма во платформа за едукација и продукција во полето на изведувачките уметности насловена ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
Истата година во рамки на Меѓународниот театарски фестивал МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР, официјален партнер на ПРВО ПА ЖЕНСКО од 2017 година, премиерно беа изведени два авторски феминистички перформанса развиени во рамки на платформата, низ процес темелен на солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка - СРАМ на актерката Ангела Стојановска и ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ на танчерката и кореографка Јована Зајкова.
Како продолжение на активностите на платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, до крајот на 2023 година, со поддршка од Equality Fund, Sigrid Rausing Trust, Kvinna till Kvinna Foundation и Министерство за култура се планира развој на феминистички перформанс на локален уметнички колектив, во рамки на структурирана програма што ќе вклучува:
1 - Избор на уметничкиот колектив преку отворен повик наменет за колективи од 4 до 6 локални професионалки/ци кои работат на независната култура сцена во полето на изведувачките уметности, но и на други дисциплини - филм, музика, визуелни уметности, книжевност, архитектура, родови студии, критичка теорија и др,
2 - Систем на постојана поддршка на креативниот процес. Колективот ќе добие постојана креативна, како и логистичка и финансиска поддршка во текот на сите фази и аспекти од процесот на развојот на делото, при што во целост ќе биде почитувана уметничка слобода и специфичен израз. Уменичките хонорари, продукциските (простор за проби, опрема, реквизити, костими, договори со соработници и сл.) и промотивните трошоци ќе бидат покриени во целост;
3 - Едукација. Уметниците ќе бидат вклучени во средби, предавања и работилници за интерпретацијата на родот во уметностите, феминистички перформанс и колаборативните интердисциплинарни уметнички пракси со локални и интернационални теоретичар(к)и и практичар(к)и. Едукативната програма на платформата ќе биде отворена и за пошироката (професионална) публика, со цел да се надомести недостатокот на родова перспектива во формалното образование во областа на уметностите;
4 - Продукција. Продукцијата на перформансот ќе ја поддржи или во целост реализира лице ангажирано од Тиииит! Инк, со специфично работно искуство во полето на изведувачките уметности и организацијата на настани. Перформансот ќе има премиера во рамки на Меѓународниот театарски фестивал МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР 2023.
Временска рамка на програмата:
Јуни Објавување на отворениот повик за локални колективи уметници
Јули Процес на селекција
Август - Ноември Креативен процес: истражување, развој на проектите, едукативна програма, финализирање на процесот, продукција
Ноември - Декември Премиера на МОТ 2023
Упатства за пријавување:
Потребни документи за пријава:
* Мотивациско писмо (1.500 - 2.500 зборови) во кое ќе ги претставите
Вашиот колектив преку информации за:
* составот (членки/членови). Предност во изборот ќе имаат колективи во кои учествуваат жени кои не се вработени, ниту пак имаат редовен хонорарен однос со некоја јавна институција од нивната област на делување,
* поврзаноста (претходните соработки) на членките/членовите,
* афилираноста со локалната независна културна сцена на членките/членовите на колективот.
Вашиот предлог проект преку информации за:
* краток опис на предлог проектот,
* родовата перспектива на предложениот проект,
* планиран начин на развој на перформансот (пр. истражување, акумулација на материјал низ импровизации, работа на текст и сл.). Процесно ориентираниот начин на работа, во кој значењата, целите, формата и суштината на работа произлегуваат од процесот, а не од некое однапред зададено значење, што пак подразбира поинаква етика на работниот (уметнички) процес, ќе се смета за предност,
* распределбата на одговорностите на членките/членовите во уметничкиот процес. За предност ќе се сметаат нехиерархиски поставените, мултиплицирани релации на членките/членовите на колективот.
Кратка биографија на секој/а член/ка на колективот (200 - 350 зборови) со преглед на релевантни проекти на членките/членовите. Ве молиме вклучете фотографии, линкови до видеа, рецензии, медиумски објави.
5 - 15.6.2023 Прашања и одговори
Во овој период ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации на platformrff@gmail.com
5.7.2023 Краен рок за аплицирање
Ве молиме како наслов на e-mail пораката наведете “ИФИ Платформа 2023_ИМЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ_апликација”, вклучете ги во прилог потребните документи и испратете ни ја на platformrff@gmail.com
6 - 25.7.2023 Селекција
Во овој период, кандидатите би можеле да бидат повикани на (online) средба.
25.7.2023 Објавување на изборот
Фотографија на Драгица Николовска од танцовиот перформанс „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова, развиен во рамки на платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ во 2021 година.