ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ - завршна журка!
Тиииит! Инк. со огромна возбуда ве поканува на завршната журка, дел од работилницата за диџејство „Жени зад пултот“! 🎧
 
Ова е црешата на шлагот, плодот од посветената работа на 10 талентирани девојки и жени со кои имавме задоволство да го поминеме минатиот месец, кои ги развија своите диџејски вештини со помош на менторката Дијана Димитриевска ака DIAH и менторот Бојан Јанев ака Soul Case.
 
На предавањата во КСП Центар Јадро и Котур ја опфативме историјата и феминистичката перспектива на клубската сцена со Ивана Драгшиќ, научивме повеќе за опремата која ни треба и како да ја користиме, вежбавме на грамафони, CDJs, сѐ со цел заедно да склопиме 10 диџеј сетови, секој нов, секој уникатен, секој направен со многу внимание и љубов. 
 
Со свој диџеј-сет ќе настапат Baby G, Electra, DJ Cile, Ex_Urbe, IMANYAM, Jinx, triptowhere и Jana.
 
Ве покануваме да дојдете на 11 октомври во 18 часот во Jazzy и да ги окуражите овие нови талентирани диџејки ака величествени жени зад пултот! 
 
Работилницата за диџејство е организирана во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
 
ППЖ11 е поддржан од Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура.