Кристина Ампева номинирана за WOW награди

📩 Ја номиниравте Кристина Ампева 🌟



Кристина Ампева работеше како текстилна работничка во нејзиниот роден Штип и отворено зборуваше за проблемите на текстилните работнички. По некое време ја напушти работата во фабрика и основаше граѓанско здружение (најпрво „Гласно“, потоа „Гласен Текстилец“) преку кое почна да се залага за работничките права на текстилните работнички. Преку Гласен Текстилец таа спроведува истражувања на темата и организира годишен настан „Текстилијада“.
Кристина се бори за правата на една од најобесправените и најугнетените групи во нашето општество, текстилните работнички, кои се дискриминирани на повеќе основи (класа, род, образование, место на живеење...). Кристина доаѓа од таа средина, самата работела како текстилна работничка и во тоа нашла мотивација за да почне активно и гласно да се бори за подобар живот на овие лица. Работи во Штип и во помалите градови од Источна Македонија, во кои многу ретко се сретнуваат примери на вакви борби.

📍 Повикот за номинации се затвора на 12ти јануари 2020. Доставете ја вашата номинација на мејл contact@tiiiitinc.com. Напишете го името на онаа жена (или група здружени жени) која ја номинирате за WoW наградата и на кусо образложете зошто ја номинирате. Повеќе инфо на следниот линк: https://tiiiitinc.com/femoar/prikaz/52/nominatsiite-za-wow-nagradite-se-otvoreni
#womenonwomen #wowawards #wowнагради