Ружица Јосифовска номинирана за WOW награди

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ
📧 Ја номиниравте Ружица Јосифовска-Руки 🎉

Ружица Јосифовска е родена во 1938 година, живее во Кавадарци, а по професија е ликовен педагог и уметница. Работела како учителка по ликовна уметност во Кавадарци и во текот на целиот нејзин работен век се едуцирале многу генерации на ученици, некои од нив со значајни достигнувања во уметноста.

Таа е доста значајна не само за Кавадарци, туку и за целиот регион на Тиквешијата и пошироко на ниво на поранешна Југославија. Била една од најдобрите студенти на уметниците Љубомир Белогаски и Лазар Личеноски. Во текот на својата кариера има освоено доста награди како уметница и како педагог, но најзначајна ѝ е Медаља за трудот од Претседателот Јосип Броз Тито. Една од поважните заслуги на Ружица е нејзината посветеност на ликовната секција која таа ја водела во рамки на нејзиното училиште која е прогласена за најдобра на ниво на Југославија. Учениците на Ружица преку оваа ликовна секција освоиле бројни награди. Ружица била пратеник во собранието за време на СФРЈ 1982-1986. Таа сѐ уште активно слика, црта и изложува при што користи исклучиво еколошки бои. Нејзината последна ретроспективна изложба се случи оваа година во Кавадарци. Активна на социјалните мрежи каде ги следи сите настани поврзани со културата и уметноста. Од особено значење е нејзината заложба за активирање на ликовната секција на заедницата на пензионери во Кавадарци со што го збогатува културно-забавниот живот на возрасните луѓе во својата средина.

📸 Jadran Mancev

📍 Повикот за номинации се затвора на 12ти јануари 2020. Доставете ја вашата номинација на мејл contact@tiiiitinc.com. Напишете го името на онаа жена (или група здружени жени) која ја номинирате за WoW наградата и на кусо образложете зошто ја номинирате. Повеќе инфо на следниот линк: https://tiiiitinc.com/…/nominatsiite-za-wow-nagradite-se-ot…
#womenonwomen #wowawards #wowнагради