Марш за женски права!

На 8 март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“ 

8 март е ден кога ја славиме секоја борба, секој глас, секој отпор! Поттикнати од случајот „Јавна Соба“ овогодинешниот Марш за женски права, гласно и недвосмислено го посветуваме на жртвите на родово засновано насилство.

Ве повикуваме да марширате заедно со нас со почеток во 12 часот од плоштадот Филип Втори, преку Камениот Мост, Плоштад Македонија до Паркот на Жена борец, каде што ќе го завршиме маршот со перформанс за поддршка на жртвите.

Се гледаме на марш!