Феминистичката школа ФЕМ 101.2

Пријави се на феминистичката школа ФЕМ 101.2 организирана од Медуза и Тиииит! Инк и збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.

Школата има за цел да ги подготви учесничките и учесниците за успешно читање на феминистички наративи, аргументирано пишување и застапување преку креативен израз. Школата е составена од 5 предавања и 7 работилници, распределени низ 2 месеци, почнувајќи од 15 март 2021 година.

Школата ФЕМ 101 ќе ве запознае со клучни концепти од феминизмот и родовите студии, ќе ви помогне во себе-изразувањето, и ќе понуди креативна платформа за здружување и споделување.

Познавањето на феминистичката историја, стратегии на отпор и методи на креативен феминистички израз можат да нè зајакнат во борбата против родовата нееднаквост, да ни помогнат во критичкото преиспитување на односите на моќ, родовите релации и нашите сопствени позиции.

Обуките ќе ги водат реномирани теоретичарки, професорки, феминистки со обемно искуство и знаење во полињата во фокус на школата. За времетрањето на школата, учесничките /ците ќе имаат можност за практична работа, како и вклучување во тимот на Медуза преку креација и објавување на содржини и по завршување на школата. Програмата е наменета за девојки и жени, сексуални и родови малцинства.

За да учествувате треба:
- да ве интересира феминизам и родова еднаквост
- да имате мотивација да пишувате текстови во дадената област, иако претходно искуство не е неопходно
- да бидете во можност да ги посетувате сите обуки

Обуките ќе ги водат реномирани теоретичарки, професорки, феминистки со обемно искуство и знаење во полињата во фокус на школата: Ирена Цветковиќ, Ана Мартиновска, Елизабета Шелева, Адријана Захаријевиќ, Јани Сунден, Емилија Петреска-Камењарова, Румена Бужаровска, Сузана Милевска, Јана Јакимовска и Кумјана Новакова. За времетрањето на школата, учесничките /ците ќе имаат можност за практична работа, како и вклучување во тимот на Медуза преку креација и објавување на содржини и по завршување на школата. Програмата е наменета за девојки и жени, сексуални и родови малцинства.

Рокот за пријавување трае до 7 март 2022 година. Пратете ја вашата кратка биографија и писмо со мотивација (максимум една страна) за учество на школата на info@meduza.mk со назнака „Апликација за Фем 101“. Доколку имате дополнителни прашања, пишете на истиот мејл или на Фејсбук/Инстаграм страната на Медуза.

Школата е финансиски поддржана од Квина тил Квина и фондот за млади феминистки ФРИДА.

Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!