Срамота! – Вечер на раскажување квир приказни и забава со Зоки Бејбе
Skopje Pride Weekend во соработка со фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ10 Ве покануваат на СРАМОТА! - Вечер на раскажување квир приказни и афтер со Зоки Бејбе! 
 
СРАМОТА! е дел од Скопскиот викенд на гордоста и е иницијатива на ПичПрич дуото Ана Василева и Румена Бужаровска. Неколкумина раскажувач(к)и од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код.
 
Раскажувачи на оваа СРАМОТА! ќе ни бидат: Биљана Гинова, Ѓорѓе Јовановиќ, Јелена Вишњиќ, Лила Милиќ, Ана Аврамоска и Славчо Димитров. ✨
 
 
 
Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и се трансформира, исмеаниот станува исмевачот – срамот се враќа назад кон оние што занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција и да понижуваат.
 
 
 
Срамот е поврзан со нашите желби, задоволства, однесувања, движења и мисли, па затоа овие приказни создаваат наративи за отпор. Конечно, нашиот срам станува наше задоволство и среќа. Наместо наведната глава и зацрвенети образи, ние даваме отпор. Наместо неподносливото внатрешно гушење, ние пукаме од смеење.
 
 
 
Овој настан има намера да го искористи хуморот како моќна алатка за отпор и кршење на општествените норми и притисок што создава чувство на срам кај нас како поединци.
 
По настанот се придвижуваме кон Бистро Комедија на журка со диџеј сет на Зоки Бејбе. 
 
Билетите можат да се купат на билетарата на Театар Комедија или на овој линк 👉 https://online.teatarkomedija.mk/index.php?id=370
 
Ова издание на #ППЖ10 е поддржано од: Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура / Ministria e Kulturës.