Тиииит!Инк. објавува: Барање за прибирање понуди за ревизорски услуги

16.03.2023

Почитувани,

ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

Набавувач на услуги: ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Козле 49б во Скопје.

Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за ревизорски услуги

ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје  го спроведува грантот Фонд за еднаквост со финансиска поддршка на Фондот за еднаквост од Канада, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање. 

Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

Понуда за независно и стручно мислење во вид на ревизорски извештај на Завршна сметка и годишното работење на Здружението Тиииит!Инк.- Скопје за 2022 година со вкупно расходи од 5.366.033 мкд

Понудата треба да ги содржи сите елементи по Меѓународни стандарди за ревизија (МСР) 

Со понудата треба да се достави документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија за дејноста за која ја доставува својата понуда

Со понудата треба да се достави список на извршени услуги за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Цена 

Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

Карактеристики на понудата

Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

Рок и начин на плаќање

 

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса tiiiit.inc@gmail.com најдоцна до 24.03.2023 година до 16 часот.