Зошто 8 Март? - средношколски материјали за настава

Оваа година за првпат Тиииит! Инк. спреми педагошки прилагоден материјал на ниво на средно образование, за спроведување на час по повод 8 Март – Меѓународниот ден за борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Ова иницијатива дојде како резултат од активноста на нашите партнерки и соборки од Словенија – Mesto Žensk (City of Women), кои го прават ова од 2016 и оттогаш активно соработуваат со учителките/ите и педагозите во рамките на ова иницијатива.

Овој материјал е изготвен за сите едукаторки/и кои сметаат дека материјалот е адекватен или прилагодлив за нивната група на ученици, и сакаат да зборуваат за родовата нееднаквост и феминизмот со младите. Наставниците/чките можат да го менуваат и приспособуваат материјалот за да се совпадне во контекстот на нивната група, компетенциите и потребите на учениците/чките, како и начинот на кој ја извршуваат наставата.

Материјалот содржи две одделни активности  од кои првата има за цел да отвори дискусија за родовите стереотипи во нашето општество, со посебен фокус на јазикот и медиумите. Втората активност е квиз кој преку низа прашања, ќе ги запознае ученичките/ците со историјата на движењето за родова еднаквост кај нас и во светот, но и ќе ги поттикне да зборуваат на актуелни теми кои се дел од феминизмот сега.

Целта на овие материјали е да се охрабрат сите оние кои се активни чинители во образовниот процес да станат дел од една дискусија која е неодделив дел од секојдневното постоење и учествување во нашето општество.

Овде може да ги најдете материјалите кои вклучуваат копија со наставен план и копија со квизот за учениците/чките.

Педагози од целата земја - ве охрабруваме да го испробате квизот во вашата настава со учениците по повод овој празник, на класниот час овој понеделнички 8 Март!

Доколку имате некакви прашања поврзани со материјалот и сакате да ви го испратиме истиот, ви стоиме на располагање.

 

Тимот на Тиииит! Инк.

 

tiiiitinc@gmail.com | www.tiiiitinc.com | www.facebook.com/Tiiiit.inc