Јана Белчева номинирана за WOW награди

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ

📩 Ја номиниравте Јана Белчева 🏡

Јана Белчева е дипломирана електро-инжинерка, актуелна претседателка на Советот на Општина Центар која беше предложена во октомври 2017 од страна на иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало“. Таа работела 12 години како менаџерка во компанијата од областа на технолошките решенија за развој, ГДи ГИСДАТА во Скопје.

Од јавноста, пред сѐ од граѓанските активисти, таа е портретирана како граѓанинот политичар и носител на промени. Преку својата заложба во политичката и општествена сфера таа успеа да се избори и да ја докаже неусогласеноста на плановите од Деталниот урбанистички план со Генералниот урбанистички план, преку стручни анализи кои докажуваат дека тие планови не придонесуваат за квалитетен развој, хумани услови за живот, безбедност и здрава животна средина на граѓаните во општината. Како претседавач на Советот на Општина Центар за неа приоритет се здравјето и безбедноста на граѓаните, па со таа цел се бори за масовното градење на локации во општината, кои генерираат само профит, но не и квалитетен живот. Помеѓу револтирани граѓани на кои драстично им се променил животот во овие населби, граѓански иницијативи за хуман урбан развој и граѓани кои претрпеле штети поради воведување на мораториоумот, како и Уставниот Суд, Јана Белчева одлучно го одржува својот став дека узурпацијата на јавниот простор и задоволувањето на приватните интереси на инвеститорите, мора да престанат за да се овозможи квалитетен живот за граѓаните во една од најнаселените општини во државата.

📍 Повикот за номинации се затвора на 12ти јануари 2020. Доставете ја вашата номинација на мејл contact@tiiiitinc.com Напишете го името на онаа жена (или група здружение жени) која ја номинирате за WoW наградата и на кусо образложете зошто ја номинирате. Повеќе инфо на следниот линк: https://tiiiitinc.com/…/nominatsiite-za-wow-nagradite-se-ot…

#womenonwomen #wowawards #wowнагради