ПичПрич | Цепки

🤩 По повод 10 години ПРВО ПА ЖЕНСКО фестивал за феминистичка култура и акција, Тиииит! Инк. Ве поканува да го проследите овогодинешниот ALL STARS гала настан на иницијативата ПичПрич на тема „Цепки“. Настанот ќе се одржи на 13.05.2022 со почеток од 20 часот, во Филхармонија на Република Северна Македонија. 

👉 Свои интерпретации на темата ќе раскажат петмина локални раскажувачи кои со своите настапи веќе оставиле голем впечаток на публиката на ПичПрич – уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радио водителката Маја Казакова, како и режисерката Софија Ристевска. Како и на сите други гала настани на ПичПрич, настапува и една регионална раскажувачка, а тоа е хрватската книжевничка и активистка Мима Симиќ.

🤣 Во фокус на настаните на јубилејното издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО оваа година е субверзивната моќ на хуморот, посебно имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства. Темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката.

😒 Патријархатот тврдоглаво го киднапира хуморот и го претставува како област на машко, хетеронормативно дејствување, и незауздано си го оградува ваквиот простор како свое идилично дворче каде што „хуморот не смее да биде политички коректен“ или „случајно да го поштеди предметот на потсмев“. Како резултат на ваквите правила на игра, имаме истрошени и тромави хехенца на штаки, коишто лакомо си го чуваат своето место помеѓу јавноста и будно сонуваат за враќање во славното минато кога „никој не се вреѓаше од вицови“. Заради ова, темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката.

👑 По настанот се упатуваме кон бифето на Филхармонија, каде ја имаме честа да шизиме на диџеј сетот на Илина Ангеловска. Би ни било исклучително драго доколку го посетите настанот и заедно го одбележиме отворањето на овогодинешната програма на десеттото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО.

🎟️ Билетите за настанот се достапни на билетарницата на Филхармонија и онлајн на mktickets.mk во висина од 200 денари. Доколку сакате да си резервирате, тоа може да го сторите телефонски до Филхармонија.

🌡🧴 Поради пандемијата, влезниците оваа година се во строго ограничен број - 75% од просторните капацитети на Филхармонија. Настанот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор.

🟣 Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna.

💡 Концепт и авторство: Ана Василева и Румена Бужаровска

⚙️ Продукција: Тиииит! Инк. - Скопје

✍️ Дизајн на постер КОМА дизајн студио