Extima: Плодна почва | ПРВО ПА ЖЕНСКО перформанс
Extima: Плодна почва | #ППЖ11| перформанс на Оља Грубиќ | Via Negativa

📆 13 мај
⌛ 20 часот
📍 МКЦ хол
🎟 https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1221
 
🌿 Засновано на истражувањето во блискиот однос помеѓу цивилизациската логика и околината, перформансот го разгледува непропорционалното влијание на еколошката деградација врз жените, со фокус на околината и родовата неправда.
 
Според Тимоти Мортон, една од главните потешкотии во размислувањето за животната средина е сликата и концептот на самата природа, која низ вековите помогнала на човековата ментална сфера да развие илузија на спротивставеност и одвојување меѓу биосферата и цивилизацијата. Восхитувањето на природата од далечина предизвикува слична парадоксална ментална конфузија како онаа што патријархатот ја овековечува во однос на жените, издигнувајќи ги на пиедесталот на садистичкото восхитување, а истовремено потчинувајќи ги и уништувајќи ги.
Со децении, феминистичкото движење се обидува да ги ослободи жените од оваа врска со природата, која беше искористена од патријархалната идеја жените да бидат ограничени на домашната сфера и исклучени од политичко учество. Централната премиса на проектот е дека постои аналогија помеѓу искористувањето на жените и она на природата: недостатокот на почит кон нив и местото на кое им е доделено, правејќи ја нивната работа, нивното производство и слично - невидливи.
 
🌿 Плодна почва е првиот дел од четиригодишниот проект под заеднички наслов EXTIMA. Во него Оља Грубиќ ја истражува екстернализацијата на интимното како основен гест на уметникот од една страна, додека од друга страна ја отвора сложената врска помеѓу приватното и јавното, личното и општественото.
 
🔴 Авторка и изведувачка: Оља Грубиќ
Коавторки и изведувачки: Лана Здравковиќ, Кристина Алексова Завашник, Барбара Куковец, Нохеми Бариусо
Музика: Андреј Фон, Вид Драшлер / Локални изведувачи: Филип Арилон, Дино Милосављевиќ
Продуцентка: Шпела Трошт
Продукција: Via Negativa