

Од нашето истражување публикувано во 2021 година до денес ги нотиравме придвижувањата во рамки на дел од надлежните институции и сметаме дека оваа конференција ќе ни даде заеднички простор за да разговараме кои се постојните предизвици и како може да се надминат со цел да се дојде до конкретни резултати за конечно искоренување на менструалната сиромаштија и доаѓање поблиску до состојба на менструална правда. Воедно, конференцијата ќе биде и своевидно обележување на Меѓународниот ден за менструална хигиена (28 мај). 

На конференцијата ќе учествуваат претставници на граѓански здруженија, членки на парламентот на Рeпублика Северна Македонија и други државни институции. Целта на оваа конференција е да поттикне промени во јавните политики кои би довеле до системски решенија и создавање на функционални механизми и мерки во врска со менструирањето како дел од напорите за подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје, а следејќи ги насоките на Светската здравствена организација и препораките од ООН Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените.
На следниот линк е достапна студијата „Менструална правда“ која беше публикувана во 2021 која беше изработена во партнерство со Реактор - истражување во акција и учество на Период.Скопје. https://tiiiitinc.com/.../studija_menstrualna_pravda_MK.pdf

Агенда:

Модераторка на конференцијата: Ана Василева
Јана Коцевска, Тиииит! Инк., Извршна директорка
Елена Грозданова, државна советничка за прашања од областа на родовата еднаквост, МТСП
Теодора Милеска, Претставничка од ПЕРИОД Скопје
Јана Коцевска, Тиииит! Инк., Извршна директорка
Елена Грозданова, државна советничка за прашања од областа на родовата еднаквост, МТСП
Теодора Милеска, Претставничка од ПЕРИОД Скопје

Модераторка: Ана Василева
Моника Ленон, парламентарка, Шкотски парламент


Модератор/ка на панелот: м-р Биљана Гинова
Поканети говорнички: парламентарки од Собранието на РСМ
Проф д-р Гордана Силјановска – Давкова
Моника Зајкова
Санела Шкријељ
Поканети говорнички: парламентарки од Собранието на РСМ
Проф д-р Гордана Силјановска – Давкова
Моника Зајкова
Санела Шкријељ


Модераторка на панелот: д-р Билјана Котевска, Тиииит! Инк., членка на Управен одборГоворнички:
Марија Трцол и Петра Чаргоња, ПаРитер (Риека, Хрватска)
Ана Бојчевска, Реактор
м-р Емилија Ангелова, Претседателка на КЕМ на Град Скопје
Марија Трцол и Петра Чаргоња, ПаРитер (Риека, Хрватска)
Ана Бојчевска, Реактор
м-р Емилија Ангелова, Претседателка на КЕМ на Град Скопје


Модераторка: Наталија Крстевска
Говорнички:
Елена Савеска, Иницијатива Мисли Малце
Анастасија Марковска, ФСС ФЕИТ
Марта Чадиковска, Координаторка на ХЕРА млади
Анисија Угриновска, Младински делегат на ООН
Говорнички:
Елена Савеска, Иницијатива Мисли Малце
Анастасија Марковска, ФСС ФЕИТ
Марта Чадиковска, Координаторка на ХЕРА млади
Анисија Угриновска, Младински делегат на ООН
16.15:16.30 Затворање на конференцијата