Учеството на македонската делегација на собирот за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ

6-7 декември 2022, Босански Петровац и Бихаќ

Регионалниот настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ беше инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија. Настанот беше организиран од Женската платформа за развој на Србија, со поддршка на фондацијата Фридрих Еберт (регионални канцеларии во Сараево и Белград). Во рамки на одбележувањето на 80 години од АФЖ се собраа повеќе од 100 делегатки од сите поранешни републики и покраини: активистки, потомци, современички, АФЖ-овки, партизанки, научнички, политичарки на социјдемократските партии и левичарските движења, новинарки и други жени со општествен ангажман. Одбележувањето беше организирано низ два настани, Свечена академија во Босански Петровац и Конференција во Бихаќ, тематски посветена на сеќавањето и современите пракси на женска борба против фашизмот, а поврзани со историјата на АФЖ.

Македонската делегација беше составена од 10 учеснички: Савка Тодоровска, Ена Бендевска, Јана Коцевска, Салиа Бекир Халим - граѓански активистки за женски права, Цветанка Иванова, Соња Мираковска, Санаела Шкриељ, Ана Андова - парламентарки, Елена Јованова-Грујовска - потпретседателка на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ и Ивана Хаџиевска - историчарка. На Свечената академија излагање имаше Ивана Хаџиевска. Сите делегатки зедоа активно учество на конференцијата, на сесии поврзани со женското движење на просторот на Југославија во минатото и денес, како и потребата од градење на широка регионална женска антифашистичка платформа во сегашноста.



Видео снимка од Свечената академија може да се погледне на овој линк: https://fb.watch/hk2EOz6qnd/

Фотографии од настанот може да се најдат на следниот линк: https://www.facebook.com/palic2014 и https://www.facebook.com/photo?fbid=153014130814251&set=pcb.153014410814223