Прво па женско #10

ГОДИНИ БУДНИ

Под слоганот „Години будни“ оваa година ги одбележуваме нашите долгогодишни соработки и остваруваме нови вмрежувања. Тоа е суштинската практика и значење на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, зашто само на тој начин заеднички дејствуваме за градење на заедници кои придвижуваат.

Слоганот на ППЖ оваа година освен што го отсликува нашето десетгодишно активно дејствување во културата и активизмот, исто така гради паралела и со феминистичкото и женско движење на овие простори години наназад. Колку што претставува одбележување на еден ретроспективен преглед во минатото, толку е и повик за нови борби, нови начини на отпор и борба против патријархалните норми, практики и тесниот светоглед - најчесто оправдани како „природниот ред на нештата“. Оваа година ПРВО ПА ЖЕНСКО потсетува на истрајноста на феминистичкото движење и ја потврдува неговата феминистичка визија за слобода и трансформирачка моќ за оние на маргините.

Јубилејното издание го поделивме на два дела: пролетно будење со богата говорна програма и на есен нудиме визуелна програма за сечии будни очи. Фокусот на првиот дел од фестивалот се хуморот и сатирата. Меги Хенефилд - универзитетска професорка (University of Minnesota), го крепи овогодинешниот фестивалски предзнак. „Не постои пожестоко политичко оружје од смеата“ вели таа во нејзиниот текст за клучната улога на комедијата во феминистичкото движење. Субјективната природа на хуморот и неговата зависност од општествениот контекст во којшто се случува, го прават исклучителна алатка за оние коишто сакаат да коментираат, интервенираат или укажат на извесна ситуација или состојба. Сета среќа(!), историски, како главни коментатори се јавуваат мажите. Ова главно произлегува од нивната општествена доминантност, за разлика од жените и останатите малцинства, кои се историски маргинализирани и во областа на комедијата. Ваквата несразмерна алокација на моќ подразбира и веќе утврдена јавна перцепција за тоа што е смешно, со кои ситуации се подбиваме и кои се исмеаните, а најчесто тоа се маргинализираните заедници.

Дискусијата околу хуморот во рамките на феминистичката борба не е ништо ново. Напротив, веќе со години наназад се зборува неспорната субверзивна моќ која се раѓа од феминистичката комедија. Настрана класичните концепти и модели на комедија, социјалните мрежи, особено ТикТок, пласираат нови и свежи начини на кои се исмева мизогината чума во кибер просторот. Оттука, потребата за да се прошири ваквата дебата на овој тип феминистичка критика се чини како логичен следен чекор во приказната за ПРВО ПА ЖЕНСКО. 

Заради ова, фестивалот оваа година ја отвора темата хумор како феминистичко средство кое се испречува пред колоната мизогини и штетни стереотипизирања со патријархалниот хумор. Се потрудивме годинешната програма да ја отсликува ваквата заложба за окупирање на овој „машки клуб” и да ја преиспитаме функцијата на хуморот во општествени рамки, од гледиште на исмеаните. 

Елена Петрова и Јана Коцевска

***

// Програма //

Пролетно будење // Говорна и перформативна програма //

  • март – мај 2022 

Школа за феминизам: ФЕМ 101, во соработка со Медуза (доделување на сертификати на учесничките на 26 мај во клуб МКЦ)

  • 13.05.2022 | Филхармонија | 20ч.

ПичПрич на тема „Цепки“ - концепт на Румена Бужаровска и Ана Василева. Учесници: Катерина Попова, Маја Казакова, Петар Андоновски, Софија Ристевска, Мима Симиќ, Илина Арсова и Јана Јакимовска

  • 26.05.2022 | МКЦ клуб и ресторан | 20ч. 

Stand-up комедија - со Софија Ристевска, Ангела Стојановска и Борис Геј 

  • 05.06.2022 | Музеј на современа уметност | 11ч.

„За родова еднаквост потребни се двајца“ - работилница за деца со уметницата Селма Селман

  • 11.06.2022 | Театар Комедија | 20ч.

Срамота! и забава со Зоки Бејбе (во рамки на Скопски викенд на гордоста)

  • 18.06.2022 | Младински културен центар - Дансинг сала | 19ч.

„Гол живот“ - перформанс на Оља Грубиќ (ВиаНегатива, Љубљана)

 

Есенска програма // 

  • 31.08.2022 | Младински Културен Центар - Џебно Кино | 18ч.

Предавање „Зошто е модата феминистичко прашање?' и работилница „Како да изградите одржлива капсулна гардероба?“ - Зелена програма ППЖ10

  • 31.08.2022 | Младински Културен Центар - Џебно Кино | 20ч.

Разменотека на облека - Зелена програма на ППЖ10

  • 31.08.2022 | Младински Културен Центар - Кино Фросина  | 21ч.

Розовата бука никогаш не била поавтентична! - концертна програма на ППЖ10: Galatheia, Марија Каева, Сара Ренар и Јоана Ристевска

  • 27.09.2022 - 23.10.2022 | Чифте Амам | 19ч.

Доаѓаме со поклон - самостојна изложба на Шејла Камериќ (во соработка со КРИК - фестивал за критичка култура)

  • 12.10.2022 - 12.11.2022 | PrivatePrint | 18ч.

Земјата во нашите џебови - самостојна изложба на Невена Алексовски

  • 21.10.2022 - 23.10.2022 | Кинотека на Република Северна Македонија | 20ч.

„Да играме“ - Филмска програма на ППЖ10

21.10.2022 / 20ч. / Муценбахер - Рут Бекерман

22.10.2022 / 20ч. / Нишај се и играј - Чика Барбоса и Фернанда Песоа

23.10.2022 / 18ч. / Сексуалниот живот на баба - Уршка Џукиќ, Емили Пигар

23.10.2022 / 18ч.15мин. / Она што останува зад нас е истетовирано на нашите очни капаци - Диана Туседо

  • 21.10.2022 - 23.10.2022 | Кинотека на Република Северна Македонија | 22ч.

„Феминистичка филмска играчница“ - работилница со Кумјана Новакова и Диана Туседо

  • 28.10.2022 - 30.11.2022 | Музеј на Република Северна Македонија | 12ч.

„Документот кој недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“, изложба на Христина Иваноска  во соработка со ЦИНИК

  • 16.11.2022| Младински Културен Центар | 20ч.

„МИ ТРЕБА НОВО ТЕЛО“ премиера на танцов перформанс на Викторија Илиоска со Настја Ѕубан во соработка со Локомотива и МОТ фестивал

  • 17.11.2022 | Младински Културен Центар | 12ч.

Дијалог кој недостасува - разговор со уметницата Викторија Илиоска во соработка со Локомотива

 

Петок 13 05

20:00 разговор
Филхармонија на Република Северна Македонија

Недела 05 06

Сабота 18 06

Вторник 27 09

19:00 изложба
Национална галерија - Чифте Амам

Петок 21 10

20:00 филмска програма
Кинотека на Република Северна Македонија

Петок 28 10

12:00 изложба
Музеј на Република Северна Македонија

Среда 16 11

20:00 перформанс
Младински Културен Центар

Четврток 17 11

12:00 дискусија
Младински Културен Центар

Волонтери

Top