Инфо

Година

2015

Дата/Време

Петок 06.03 17:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK |

Учесници

Ана  Василева

Ана Василева

Ана Василева е активистка за женски права и член на здружението Бори се женски, која живее и работи во Скопје, Р....

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Женска Соба | ЖЕНСКО ФИЛМСКО ПОПЛАДНЕ

ЖЕНСКА СОБА, ЖЕНСКО ФИЛМСКО ПОПЛАДНЕ: Проекција на филмови проследена со дискусија со авторките и модерирана од Ана Василева

 

“Жена, Маж или Човек”
Краткометражен, документарен филм на Сара Симоска и Калиа Димитрова 14мин, Скопје, 2011 Може ли маж да носи хулахопки? Дали постојат машки и женски професии? Што се подразбира под современо семејство? Кој ги креира очекувањата во родовите односи и како обичниот граѓанин во Македонија ги доживува истите? “Жена, Маж или Човек” е краткометражен документарен филм/истражување/разговор, кој го носи дискурсот за родовите улоги директно на улица, пазар, гимназија, градинка. Неформалните разговори со случајно избрани претставници на неколку генерации и социјални групи во Скопје не на наведуваат заклучоци, туку напротив, отвораат прашања за родовите стереотипи, нивното генерациско репродуцирање, како и преиспитување, менување, надминување...

 

"Растење"
Краткометражен филм на Верица Недеска - Трајкова 9мин, Прага, 2013 Рина има десет години и живее со својата мајка. Веста за проширување на семејството ќе ја разбуди нејзината фантазија...

Top