
Учесници

Pravo Ljudski Film Festival
Синопсис
Филмска Програма
КИНО ФРОСИНА, Филмски проекции во соработка со фестивалот PRAVO LJUDSKI (БиХ) Оваа година ја продолжуваме соработката со Pravo ljudski - фестивал кој промовира социјално ангажирана уметност, филм, неформална едукација и меѓукултурен дијалог. Со помош на филмот како медиум, фестивалот се стреми да ја разбуди свеста на јавноста, отворајќи простор за дискусија на актуелните општествени и социјални прашања. Заедно ви нудиме можност да погледнете одлични општествено ангажирани филмови.
“Сакаме и рози” (Vogliamo anche le rose) 84 мин. Документарниот филм Сакаме и рози (2007) на италијанската режисерка Алина Мараци се занимава со почетоците на феминистичкото движење во Италија преку животните приказни на три жени на различна возраст и од различни социјални средини. Нарацијата се одвива преку читања одломки од нивните дневници и преку куси инсерти и интервјуа за протестите од тоа време и дебатите околу абортусот, односите меѓу мажот и жената, работата на жената и нејзината сексуалност. Филмот, кој е всушност колаж од снимки од повеќе италијански архиви и од автентични снимки на протагонистките, сведочи за раѓањето на една нова свест и едно ново општество во 70тите год. во Италија. Режија: Алина Мараци (Alina Marazzi) Држави: Италија и Швајцарија Премиера: 2007 Превод на македонски од италијански: Студентска преведувачка работилница (февруари, 2015)
АNА (Јас сум јас) Филм на Корин ван Егерат и Питер Лом / 2013 год. / 75’ Четири млади девојки од Египет ги покажуваат своите сопствени светови на кинематографско поетичен, интимен и храбар начин, барајќи го својот идентитет и креативен глас после Арабската пролет.