
Учесници

Славчо Димитров
Славчо Димитров дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ и има магистрирано Родови студии...
Повеќе
Катерина Колозова

Јелисавета Благојевиќ
Синопсис
Женска Соба | АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: Родот на политиката и политичкото тело
ЖЕНСКА СОБА 15.00 кино Фросина, фоаје на кат АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: РОДОТ НА ПОЛИТКАТА И ПОЛИТИЧКОТО ТЕЛО
Говорници: Славчо Димитров, истражувач, теоретичар и активист (Скопје);
Проф. Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички истражувања (Скопје);
Проф. Јелисавета Благојевиќ, Факултет за медиуми и комуникации –СИНГИДУНУМ (Белград);
Оваа дискусија е обид за критика на комплексната историска и неутрализирана релација помеѓу конструкцијата на политиката/политичката имагинација и конструкцијата на машкоста. Дискусијата има за цел да ја доведе во прашање и потиснатата, а сепак универзализирана, метафора и имагинација за политичкото тело (body politic) која во западната политика и политичка филозофија е нотирана како алатка за обединување и за оправдување на нееднаквите дистрибуции на сензибилнито во социјалното тело (односно во заедницата).