Инфо

Година

2019

Дата/Време

Четврток 09.05 19:00

Место

Галерија МКЦ

Земји учесници

MK |

Учесници

Марија Ангеловска

Марија Ангеловска

Marija Angelovska is a conceptual multimedia artist who shares her ideas on the social platform Instagram by also pointing out the benefits of the internet that enables her to express her views to the broader audience, in a way that most of the less privileged women weren’t capable of doing so before.


Ар тисти

Синопсис

Ова објективизирано тело

Изложба

„Ова објективизирано тело“

Марија Ангеловска

* отворање на изложбата и официјално отворање на фестивалот

 

Марија Ангеловска е концептуална и мултимедијална уметница која ги споделува своите идеи на социјалната платформа Инстаграм, потенцирајќи ја ползата од интернетот кој ѝ дозволува да ги изрази своите ставови со поширока публика, на начин на кој помалку привилегираните жени не биле во можност тоа да го сторат претходно. Досега учествувала во неколку групни изложби во Холандија.

 

Нејзините перформативни и дигитални уметнички дела се насочени кон барање решенија за различни актуелни социо-политички проблеми од нашето време. Нејзината уметност не зборува единствено за родот, за феминизмот или за порното. Таа ги таргетира сите проблеми заедно, дури и оние кои најчесто ги сметаме за засебни. Адресирајќи ја цензурата и опресијата, Ангеловска си игра со концептот на злоупотреба на начин кој ќе ги натера другите да размислат за нивната меѓусебна комуникација. Ограничувањата со кои се соочила во претставувањето на својата уметност насамо една електронска платформа, сега ја сочинуваат суштината на нејзината работа.

 

Преку нив таа успева да ги разбере продолжените родови нееднаквости меѓу креативците во интернет сферата, како што е случајот со цензурирањето. Меѓутоа, таа оди чекор напред од едноставно посматрање на феномените и покрај веќе дадените одговори во своите уметнички дела – ги мапира можните стратегии за дејствување кои не им биле достапни на уметниците во минатото, како и нивните активни улоги во современиот живот.

Top