
Учесници

Cinedays Festival of European Film

Музеј на современа уметност - Скопје

Ањес Варда
Ањес Варда, пионерката на францускиот Left Bank, беше една од најпроникливите филмаџики, чиј што интерес за општествените маргини и женската...
ПовеќеСинопсис
ШТО Е ФИЛМ? | Клео од 5 до 7
Што е филм?
„Клео од 5 до 7“
Ањес Варда
во соработка со Филмската и видео програма на Музејот на современа уметност - Скопје и Фестивалот на европски филм Синедејс
Премиерно прикажан во 1962
Времетраење: 90 мин.
Играат: Корин Маршан, Антоан Бурсије, Доминик Давреј, Дороти Бланк, Мишел Легранд
Приказната за младата пејачка Клео започнува во 5 часот наутро. Чекајќи ги резултатите од своите рендгенски испитувања, се соочува со идејата за нејзината можна смрт. Во тој меѓупериод таа ги запознава нејзиниот љубовник, еден пијанист, еден пријател и еден војник. Шетајќи се низ Париз, Клео полека почнува да го гледа светот со други очи.
Ањес Варда, пионерката на францускиот Left Bank, беше една од најпроникливите филмаџики, чиј што интерес за општествените маргини и женската субјективност, во комбинација со нејзиното професионално минато во областа на фотографијата, резултираа во еден од најигривите и политички најсмели опуси во историјата на филмот. Големата мајка на новиот француски бран покрај многуте награди и номинации, ги има освоено Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал, почесната Златна палма на Канскиот филмски фестивал, Златниот лав на Венецијанскиот филмски фестивал, како и почесниот Оскар за животно дело.