Ена Бендевска

Ена Бендевска
МК
Модераторка

Ена Бендевска (Скопје, 1994) дипломира политички науки и меѓународна безбедност на Универзитетот Мастрихт во Холандија. За време на студиите е активно вклучена во Refugee Project Maastricht каде работи со жени мигрантки во процесот на добивање азил и во волонтерската програма на Унивезитетот Пацифико во Лима каде работи со деца и жени од загрозени средини. Денес работи во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија на проекти за едукација на млади и визуелна уредничка е на првата феминистичка платформа на македонски јазик – Медуза (www.meduza.mk). Оваа година стана дел од тимот на Фестивалот Прво па Женско.

Top