Инфо

Година

2019

Дата/Време

Петок 10.05 18:00

Место

Женска соба | фоаје Фросина, на кат

Земји учесници

МК | МК |

Учесници

Калиа Димитрова

Калиа Димитрова

Калиа Димитрова (Скопје, 1991) дипломира на политички науки на Правниот факултет при УКИМво Скопје, а нејзината магистратура во областа на...

Повеќе

Ена Бендевска

Ена Бендевска

Ена Бендевска (Скопје, 1994) дипломира политички науки и меѓународна безбедност на Универзитетот Мастрихт во Холандија. За време на студиите е...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Можеш ли да нѐ следиш? | Женското тело во Инста декада

ДИСКУСИЈА


Можеш ли да нѐ следиш? (Женското тело во Инста декада) – Медуза


Модерираат: Калиа Димитрова и Ena Bendevska
Говорат: Марија Ангеловска, Trpeska Aleksandra и Kika Aveiro

 

Комплексната врска меѓу женските тела и медиумите е разочарувачки одраз на третманот на општеството кон жените и нивното право да постојат и да се изразуваат автономно во своето опкружување. Отсуството на репрезентацијата и нереалните стандарди за убавина со кои жените историски се соочуваат, во време на социјалните медиуми се зајакнати со цензура, вознемирување и непосакувани коментари, критики и напади. Поради ова, панелот ќе ги адресира проблемите на кои наидува женското тело, како и коментарите, очекувањата и нереалистичните стандарди, наметнати од корисниците и од општеството. Дополнително, панелот ќе ги проблематизира сите можни начини, модели и форми на изразување за (ре)апроприација на просторот кој го нудат социјалните медиуми како поле за автономно изразување на женското тело. Нашите говорнички ќе ги начнат овие теми преку своите искуства и своето присуство на социјалните медиуми.

 

Панелот е иницијатива на феминистичка онлајн платформа Медуза (www.meduza.mk) и ќе биде модериран од Калиа Димитрова, главна и одговорна уредничка на Медуза и Ена Бендевска која стои зад социјалните медиуми на платформата (@meduzaplatform). Говорнички на овој панел се: мултимедијалната уметница и феминистка Марија Ангеловска (@marijangelovska), Александра Трпеска (@majestic.at) која веќе пет години работи со дигитален маркетинг и ја користи моќта на социјалните мрежи за да ги пренесе своите пораки за self-love и Кика Аверио (@kikaaveiro), Body Positivity активисткa, плус-сајз модел и social media influencer.

 

Сите три со своето присуство на социјалните медиуми активно се залагаат за себе-прифаќање и слободно изразување и без извинување ги критикуваат сајбер цензурата и булингот.

Top