
Учесници

Илина Јакимовска
Д-р Илина Јакимовска е редовна професорка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“....
ПовеќеСинопсис
Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација
Предавање
„Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација“
Илина Јакимовска
во соработка со ЦИНИК - Центар за истражување на национализмот и културата
Предавањето ќе се осврне на начинот на кој етнологијата и културната антропологија го проблематизираат телото, но и етичките и други дилеми кои произлегуваат од истото. Имено, фокусирањето на она што е необично, зазорно во „егзотичните“ култури (меѓу кои и балканските), занемарува едно важно прашање: дали некои од телесните практики во рамки на овие култури претставуваат сурово прекршување на човечки права и дали треба да бидат сузбиени, или напротив, треба да бидат толерирани и почитувани како дел од автентична традиција, во име на културната разновидност?
Д-р Илина Јакимовска е редовна професорка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Докторирала на тема „Телото во народната култура: нормирање, воспитување, надзор и казнување“. Се занимавала, меѓу другото, со женскиот општествен ангажман од руралниот 19 век до современите политички протести, со атипичните сексуални однесувања во македонското народно творештво, како и со употребата на фолклорот во современата политичка реторика и популарниот дискурс во Македонија. Уредничка е на рубриката за култура Букбокс на порталот off.net, а работела и како етнолошки консултант во филмовите на Милчо Манчевски. Авторка е и на две збирки поезија и кратки раскази: Сонце во тегла и Најважната игра.