Инфо

Година

2019

Дата/Време

Петок 10.05 20:30

Место

Сала 25ти Мај

Земји учесници

СЛО |

Учесници

Наташа Живковиќ

Наташа Живковиќ

Наташа Живковиќ е независна сестрана уметница од Словенија која се занимава со изведувачки уметности: театар, современ танц и филм. Таа...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

СИНЕ | Наташа Живковиќ

 

Перформанс

„СИНЕ“

Наташа Живковиќ

соработка со Меѓунардониот фестивал за изведувачки уметности Место Женск од Љубљана и MOT+

 

Играат: Наташа Живковиќ, Даниел Петковиќ, Луп Аврамовиќи и Слободан Малиќ

Сценски дизајн и сценографија: Ленка Ѓоројевиќ

Дизајн на светло и техничка координација: Шпела Шкуљ

Фотографија: Нада Жганк

Советувачка: Теја Реба

Извршна продуцентка: Ева Продан

Продукција: Место Женск

Копродукција: Bunker - Stara Elektrarna

Специјална благодарност до Maska и Mladinsko Gledališče

Перфрмансот е развиен во рамки на проектот Performing gender - Dance makes differences. Поддржано од Creative Europe, Министерство за култура на Р. Словенија и Градот Љубљана

 

“Сине! – ми вели блиска роднина кога ја посетувам во Црна Гора”

„СИНЕ“ е интердисциплинарен потфат кој поаѓа од интересот за имажите на жената во културите и вклучува антрополошки истражувања на конкретни феномени во форма на перформанс. Тој ја изразува фасцинацијата од сликите и приказните на заречените девици (виргини) од изолираните делови на Црна Гора, Албанија, Косово и Метохија. На постерот на Центарот за женски права од кампањата против селективниот абортус во 2017 година пишува “Непосакувана е всушност често женско име во (нашата) Црна Гора“. „Жената е вреќа создадена да трпи“, дополнително се вели во Кунанот на Леќ Дукаѓини, практикуван во Средниот век во северна Албанија и Косово.

Но, и: „Последната виргина почина. Нејзината последна желба беше на фамилијарниот епитаф за неа да пишува дека била единствениот преживеан син на татко си“- пишуваше весникот Блиц во 2016 година. Перформансот ги истражува овие приказни во релација со прашањето за опстанокот на жената во машкиот свет, запрашувајќи нѐ во какво општество живееме. Содржината емотивно ја прикажува дупката во системот која го одржува самиот систем преку родов перформанс (или Перформативниот род), во чии рамки танцувањето предизвикува суштинска промена.

Наташа Живковиќ е независна сестрана уметница од Словенија која се занимава со изведувачки уметности: театар, современ танц и филм. Таа е актерка, кореографка и танчерка на институционалните и алтернативните сцени, како и менторка и професорка по балет и современ танц.

 

Top