
Учесници

Лана Здравковиќ
Лана Здравковиќ е перформерка од тандемот Kitch од Словенија, кој го истражува субверзивниот, политички и еманципаторски потенцијал на феноменот на...
ПовеќеСинопсис
БЕГАЛКА | Лана Здравковиќ
Перформанс
„Бегалка“
Лана Здравковиќ
Перформансот „Бегалка“ произлегува од реобмислувањето на проблемот со бегалството низ родова перспектива, и ја отелотворува жената која бега од војната, сиромаштијата, бедата, но и од патријархатот, мачоизмот и сексизмот. Голото тело на перформерката упатува на нејзиниот гол живот (homo sacer), но и на фактот дека бегалките не се немоќни жртви кои немаат желба да уживаат или кои немаат потреба да се борат за сопствената еманципација. Перформансот е создаден како дел од редовната програма од вечерните бурлески на колективот Tatovi padob (Image Snatchers) кои се изведуваат во Љубљана.
Лана Здравковиќ е перформерка од тандемот Kitch од Словенија, кој го истражува субверзивниот, политички и еманципаторски потенцијал на феноменот на кичот. Членува во веќе споменатиот колектив Tatovi padob кој работи во полето на бурлеската, кабарето и циркусот и како перформерка вклучена е во платформата на современите перформативни уметности Via Negativa Lab. Истовремено истражува во Мировниот институт во Љубљана, пишува, објавува и политички е активна во своето опкружување.