
Учесници

Марика Смит
Марика Смит е секс инспираторка, советувачка, предавачка, фриленс писателка од Стокхолм и специјалистка во полето на сексот и љубовните врски....
ПовеќеСинопсис
Работилница за секс играчки со Марика Смит
Оваа интерактивна работилница за еманципирање на женската сексуалност има за цел да нѐ поттикне да бидеме љубопитни за сексот и да ни укаже за значајноста на сопственото задоволство и енергијата која ја вложуваме во него. Иако работилницата е главно наменета за жени или не-бинарна публика, значајно е да се нагласи дека повеќето наши сексуални функции, емоции и потреби се исти, без разлика на нашите гениталии и род. За време на работилницата ќе развиеме нови начини на размислување за сексуалноста, ќе слушнеме за искуствата на другите, ќе пробаме како е да се носи strap-on, ќе вежбаме и ќе се предизвикаме себеси да одговориме на некои прашања и со тоа да ја зајакнеме својата самодоверба.
Марика Смит е секс инспираторка, советувачка, предавачка, фриленс писателка од Стокхолм и специјалистка во полето на сексот и љубовните врски. Концептот за кој зборува во својата работа го нарекува Секспирација, бидејќи главната идеја е да се искористат позитивните аспекти од сексот за да се инспирираат луѓето да учат и да се развиваат така што ќе се чувствуваат подобро во врска со својата интимност и вљубеност. Марика дипломирала етнологија на Универзитетот во Стокхолм, специјализирајќи со применувањето на неколку културни перспективи на сексуалноста, како BDSM, културното наследство и консумацијата.