Билјана Радиноска

Билјана Радиноска
MK
Режисерка
веб страница

Билјана Радиноска е театарска режисерка која работи во пресекот помеѓу класичниот и експерименталниот театар, оформувајќи повеќеслоен театарски израз помеѓу документарното и фиктивното. Ревносно работејќи на независната и институционалната сцена, ги осознава политичко-економските структури во културата и нивното влијание, и како одговор во 2016 ја создава претставата Да ми го поздравиш и да ми го бациш во соработка со Артопија, со која бележи поместување во својот, но и во локалниот театарски пејзаж. Во мај 2018, со постановката на Три сестри од Чехов, го комплементира своето лабораториско образование при DAS Theatre - Академијата за театар и танц во Амстердам. Нејзини претстави во овој контекст се Youth во Grand Theatre Groningen (2018) и It’s gonna take a bit of work во Moha and Veem Theater (2019). Во jуни 2020, беше дел од уметничката резиденција Saari, Финска заедно со кураторката Изобел Драјбург каде ги истражуваа моделите на репрезентација на женскоста во сценскиот и онлајн просторот.

Top