
Учесници

Ивана Коцевска
Синопсис
Body Flow | Ивана Коцевска
Body Flow со Ивана Коцевска
„Танцувајте, танцувајте, инаку сме изгубени!“ – Пина Бауш
Body Flow е склоп на танцови движења во комбинација со вежби за зајакнување, истегнување, баланс, координација и правилно дишење. Заедно со дипломираната балетска педагогиња Ивана Коцевска, во овој дел од програмата учесниците ќе научат да го ослободат сопственото тело и да се движат грациозно, природно и слеано со помош на неколку елегантни танцови вежби. Коцевска ќе го сподели со нас нејзиниот пристап кон оваа техника, а тренингот може да го посети секој, без разлика на физичката подготвеност и возраста. За практикување на овие движења не е потребно никакво претходно искуство од кој било танц или спортска дисциплина.
Дојдете! Поместете ги границите и откријте го танчерскиот дух во себе!