Театар Сенки и облаци

Театар Сенки и облаци
МК
Театар
веб страница

Театарот Сенки и облаци е дружина сенкаши која од далечната 2005 година ненаситно создава претстави со сенки наменети за големи и мали деца. Од минатата година има свој дом – самоодржлив независен простор (театар) во срцето на Дебар Маало, кој располага со сцена за настани од мал формат и изложбен простор отворен за сите заинтересирани организации и индивидуални уметници. Оваа екипа уметници има мисија да создаде мобилна и независна театарска платформа која преку стариот медиум ќе истражи нови начини на изразување и ќе допре до публиката надвор од институционалната уметност. Додека бара нови алатки, звуци и сенки, театарот бележи бројни соработки со визуелни уметници и изведувачи од други бранши, како и значајни гостувања во Турција, Бразил, САД, Русија, Грузија, Шпанија, Германија, Холандија, Франција, Грција, Србија итн.

Top