Инфо

Година

2019

Дата/Време

Недела 12.05 20:00

Место

плато МКЦ

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

Румена Бужаровска

Румена Бужаровска

Румена е авторка на збирките раскази Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010) и Мојот маж (Блесок, 2014), како и на...

Повеќе

Ана  Василева

Ана Василева

Ана Василева е активистка за женски права и член на здружението Бори се женски, која живее и работи во Скопје, Р....

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

#сегакажувам | ПичПрич Слем

Пич Прич Слем

#сегакажувам

 

               ПичПрич е раскажувачка иницијатива што се занимава со женската усна историја, со цел да се сопостави на традиционалната писмена историја доминирана од мажи и да ги нормализира женските искуства. Истовремено се стреми да ги афирмира жените кои даваат свој придонес во општеството, како и да разоткрива нови и свежи раскажувачки гласови. Формирана е на почетокот на 2016 година, по авторски концепт на Румена Бужаровска и Ана Василева, а свое премиерно претставување имаше на фестивалот Прво па женско во 2016 година. Досега се одржани вкушно 9 настани: 4 Гала-вечери по повод 8 март во Скопје, раскажувачки вечери во Битола, Охрид, Штип и Куманово, како и првиот ПичПрич слем во 2018 година во Скопје

 

               По бранот освестувачки, еманципирачки и исповеднички приказни за женските искуства од движењето #MeToo, кое го зафати светот и нашите простори, темата на овогодинешниот слем е „СЕГА КАЖУВАМ“. Форматот на настанот е замислен така што од раскажувачките се очекува да раскажат приказна со времетраење од максимум десет минути на истата тема, која во фокус ги има женските приказни за претрпените психички и физички вознемирувања, кои досега биле премолчувани и неосудувани од страна на општеството.

 

Слемот се реализира во рамки на проектот ПичПрич, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna.

              

 

Top