Инфо

Година

2019

Дата/Време

Четврток 09.05 19:00

Место

Женска соба | фоаје Фросина, на кат

Земји учесници

МК |

Учесници

Јана Јакимовска

Јана Јакимовска

   Јана Јакимовска (1981) дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се занимава со сликарство, дигитални...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

O | Јана Јакимовска

Изложба

“О”

Јана Јакимовска

 

Дигитално, зашто иднината е дигитална. Фотографирано, зашто во копи-пејст сегашноста старите вештини се непотребен луксуз. Чкртано, зашто секој знае да чкрта. Текстуално обременето, зашто живееме во време на меме-култура, снепчет и пурикура. Автопортрет, зашто твојата приказна полесно се голта низ туѓо искривено лице. Факти, зашто боговите треба да се замолчат еднаш засекогаш. Хумор, зашто  не постои тема што не смее да се исмее. Оргазам, зашто она за што не зборуваме престанува да постои. - Јана Јакимовска


               Јана Јакимовска (1981) дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се занимава со сликарство, дигитални медиуми, графички дизајн, фотографија, илустрација и интервенции во јавен простор. Нејзиното најново творештво се фокусира на феминистичкиот аспект, разгледан низ призмата на телото, себството, сексуалноста и позицијата на жената во општеството денес.  До сега имала петнаесет самостојни изложби во Њујорк, Скопје, Белград, Приштина, Куманово, Гевгелија и Штип. Учествувала на бројни групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Италија, Литванија, Германија и САД. Работи како вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

 

 

Top