Инфо

Година

2020

Дата/Време

Вторник 18.08 22:00

Место

МКЦ плато

Земји учесници

МК | МК | МК |

Учесници

Хана Корнети

Хана Корнети

 


Долорес Поповиќ

Долорес Поповиќ


Јоана

Јоана


Ар тисти

Синопсис

WoW Program | Хана, Долорес и Јоана

 

Хана Корнети е пејачка, писателка, читателка, гледачка, надежна вештица, повремена градинарка и пропали левичар. Првото укулеле го добива како подарок после неколку-месечно кенкање и несуптилни алузии (хинтови). Укулелето го сака бидејќи е релативно едноставен инструмент кој истовремено произведува убав, специфичен звук. Пред сѐ, укулелето е одлична придружба за тоа што Хана сака да го прави со својата музика - да раскажува приказни.

 

 

Долорес Поповиќ е дипломирана актерка, школувана вокалистка и мултииструменталистка, родена во Скопје. Средното образование го остварува во ДМБУЦ „Илија Ликоловски – Луј“ – Скопје, каде што се стекнува со формално образование како композитор и флејтист. При Факултетот за драмски уметности во Скопје дипломира како дел од класата 2013 - 2017, под менторство на проф. д-р. Сузана Киранџиска. Во март, 2020 ги објавува своите први две авторски песни – „Open Waters“ и „King Catastrophe”, кои се дел од еден целосен музички проект – албум, закажан за 2021, додека третата песна од проектот „The Greatest Battle“, премиерно ја изведува на „Beach Film Festival Ohrid“ во јули од оваа година. Себеси се смета за пијана поетеса, бунтовничка и ревносна феминистка.

 

 

Јоана е соло-артистка и дипломка на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во текот на своето школување настапува со камерни состави и со соло-класична гитара. Нејзиниот авторски сензибилитет опфаќа различни стилови: од современа-класична, синематична, па сѐ до експериментална рок музика. Најмногу компонира музика за класична и електрична гитара и соработува со музичари во областа на импровизацијата, како и со уметници од визуелната бранша. Дел е од импро-колективот "Е'н 2 три".

Top