Учесници

Румена Бужаровска
Румена е авторка на збирките раскази Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010) и Мојот маж (Блесок, 2014), како и на...
Повеќе
Ана Василева
Ана Василева е активистка за женски права и член на здружението Бори се женски, која живее и работи во Скопје, Р....
ПовеќеСинопсис
ПичПрич слем - Гинеколошки приказни
ПичПрич, иницијативата за промовирање на женската усна историја, и оваа година го одржува својот традиционален слем во рамките на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО. Темата на која ќе раскажуваме е Гинеколошки приказни, што значи дека ќе ги детабуизираме митовите за женското здравје, зборувајќи отворено за искуствата низ кои жените поминуваат низ јавните и приватни здравствени институции, како и последиците од тие искуства.
Настанот ќе го модерираат Румена Бужаровска и Ана Василева.