Инфо

Година

2021

Дата/Време

Четврток 10.06 21:00

Место

МКЦ плато

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

Мартина Бараковска

Мартина Бараковска

Мартина Баракоска е музичарка и тапанарка, родена во Скопје 1998 год. Низ својата кариера Мартина има добиено повеќе награди меѓу кои: Гранд При за...

Повеќе

Дамјан Даневски

Дамјан Даневски

Дамјан Даневски е магистриран џез тапанар, кој активно се бави со музика повеќе од десет години. Композитор и изведувач на авторска...

Повеќе

Skopje Drum Talks

Skopje Drum Talks

Skopje Drum Talks претставува иницијатива за музичка едукација и поддршка на правата на музичарите (со акцент на тапанарите) во Република...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Weird Fishes - Мартина Баракоска / Промоција на албум + разговор

Мартина Баракоска е музичарка и тапанарка, родена во Скопје 1998 год.

Низ својата кариера Мартина има добиено повеќе награди меѓу кои: Гранд При за најдобар тапанар на фестивалот Т’к Tак (Кавадарци, 2015), 1st special place на International Competition Percussion - Art In Skopje (Скопје, 2017), Златна Бубамара на популарноста како дел од групата Дупер (Скопје, 2018).

Во 2018 година Мартина има настапувано со Скопскиот брас квинтет со кој изведуваа аранжмани од The Beatles и Queen, во периодот од 2017 до 2019 година таа беше дел од  групата Дупер, и како дел од меѓународниот прокет CON-FRONT има изведувано низ неколку европски и балкански држави. Мартина моментално членува во бендовите на Владимир Четкар и Сашко Костов како и во Љубојна и Labavo&Funky каде е музичка директорка и одговорна за аранжманот на музиката. 

Мартина има голема желба да го пренесе своето досегашно знаење, па затоа држи часови за свирење тапани на луѓе од сите возрасти. Главната цел во моментов ѝ е да остави свој печат во онлајн и офлајн присторот, и да ги охрабри луѓето околу себе да го прават тоа што го сакаат, спротиставувајќи се на стереотипите. Токму ова го пресликува преку нејзиниот соло проект насловен Мартина Баракоска под кое име го објавии нејзиниот прв соло-албум Weird Fishes


Weird Fishes

Мартина ги користи Инстаграм и ТикТок како платформи за раскажување приказни или емоции преку нејзината музика. Во видеата кои ги објавува користи авторска музика, која потоа ја отсвирува и снима на тапани, и ја ре-објавува. Преку овие објави Мартина ужива правејќи го она што најмногу го сака - да снима музика и да смислува catchy делови, интересни за слушање.

Токму овие објави го сочинуваат албумот на Мартина кој прво беше објавен на Bandcamp, со цел мелодиите да можат да ги користат тапанари од  целиот свет.

Дамјан Даневски е магистриран џез тапанар, кој активно се бави со музика повеќе од десет години. Композитор и изведувач на авторска музика во бендовите Зулу 3.4, No Control, D Project, Wave, и други, како и соработки со голем број македонски артисти меѓу кои Conquering Lion, Тони Китановски, Оливер Јосифовски, Нокаут, Day OffThe Next Generation и многу други. Во своето портфолио има и бројни композиции и изведби на музика за филм и театар.  Дамјан е еден од основачите на Skopje Drum Talks.

Skopje Drum Talks претставува иницијатива за музичка едукација и поддршка на правата на музичарите (со акцент на тапанарите) во Република Македонија.
Skopje Drum Talks за прв пат ќе организира Drum Clinic во Македонија, програма позната ширум светот за неформално едуцирање на тапанарите.
За тие што прв пат се сретнуваат со овој термин, Drum клиника претставува едукативна демонстрација на техника на свирење од страна на почитувани и влијателни тапанари/ки.
Овој вид на работилници се шанса за инспирација, мотивација, едукација и развој на локалните тапанари во Република Македонија, а воедно и едуцирање на потенцијалните музичари. Со учеството на врвни и искусни тапанари, ќе се овозможи размена на знаење и искуство кое ќе придонесе за развојот на локалните тапанари и ќе им овозможи да остварат контакт со светски музичари. Со спроведувањето на оваа програма се промовира македонската музичка култура на едно високо и европско ниво.

 

Top