Инфо

Година

2021

Дата/Време

Сабота 12.06 14:00

Место

МКЦ

Земји учесници

МК |

Учесници

Доротеј Нешовски

Доротеј Нешовски

Нешовски Доротеј (1989, Скопје) дипломирал на факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, насока сценографија, во 2012 година. Основач...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Работилница за деца: Платнени торби наместо пластични ќесички

Детската ликовна работилница за илустрирање на торбички ќе нè поттикне да размислуваме за јавните простори, слободата, емоциите, социјалните проблеми, екологијата и општествените навики. Веруваме дека токму преку промовирањето на конструктивна јавна  дискусија ќе го зголемиме меѓусебното разбирање и сочувствување.
Градовите се производ на нашите општествени животи и токму затоа е клучно да се создаде соодветна и здрава животна средина со помош на темелно разбирање на животот што се одвива во неа. Како дел од нивниот социјален развој, децата стануваат агенти на промени, интеракција и иновации, и токму затоа е исклучително важно да се слушне нивниот глас преку нивното ликовно творештво.
Целите на детскатата ликовна работилницата се да дизајнираме креативни решенија кои ќе ни помогнат во борбата со климатските промени и загадувањето на воздухот и да ги вратиме социјалните навики на децата во јавниот простор преку дружење и создавање нови пријателства. Ќе илустрираме на теми: слобода, почитување, човекови права, емоционални проблеми, екологија, јавен простор, еко-мапи...

За торбичките ќе се погрижи Гласен Текстилец!

 

  • Времетраење:  ≈ 90 мин
  • Број на учесници/чки: 10-15 
  • Возраст: 7+ години

 

Top