Инфо

Година

2021

Дата/Време

Петок 11.06 19:00

Место

МКЦ галерија

Земји учесници

Учесници

Албена Баева

Албена Баева

Албена Баева е визуелна уметница, кураторка и продуцентка која фокусот на своето творештво го пронаоѓа на раскрсницата помеѓу уметноста, технологијата...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Овцата, змијата, кучката и нивната свиња / Албена Баева

Изложбата на Албена Баева ги критикува онлајн дискусиите. Учесниците во овие дискусии, ограничени во своите светови од слични гледишта и аргументи, го гледаат остатокот од светот поинаку, преку изобличени рефлексии на ѕидовите на световите во кои живеат безбедно, далеку од спротиставените мислења. Токму мислењата кои најчесто се повторуваат во овие онлајн простори стануваат реалност и навредите кои се најгласни стануваат нова норма за дебата.
Секојдневниот банален сексизам (честа појава во овие дискусии) чија цел е да ги девалвира, одбива и навредува жените, е основната инспирација за делата на изложбата. Речникот на овој сексизам е полн со разни животни како: маче, крава или свиња. Скулптурите на Баева ги олицетворуваат овие зборови во форми на хибридни суштества, хтонски божици и ѕверови од почетоците на нашето постоење, со цел да не потсетат дека треба да се соочиме со современите проблеми. Скулптурите формираат визуелна референца на текстовите на американската писателка Дона Харавеј. Митолошките суштества Баева ги има создадено преку комбинирање и рекреирање на 3Д модели (од извори како Thingverse и Sketchfab) испечатени со 3Д-печатач. 


Овие хибридни божици се изложени спроти интерактивната инсталација Сивил (игра на зборови добиена од Сибил и цивилност). Во инсталицијата ќе видите и повеќеглав пророк кој извикува сексистички коментари пронајдени во објавени текстови за правата на жените. Изложбата продолжува да се надоврзува на митологија и во серијата колажи од проширена реалност кои ги коментираат општествените проблеми во Белград, Софија, Лозенец и Феникс.

Top